Манчестер јунајтед имаше победнички старт на новата сезона во Премиер лигата и на домашен терен го совлада Фулам со минимални 1-0. Засилувањето од летниот преоден рок, Џошуа Циркзе, во својот прв настап за „црвените ѓаволи“ успеа да постигне погодок, кој на крајот значеа и три бода на контото на Манчестер јунајтед.
Она што е интересно, интернационалецот од Холандија, во игра влезе во 60-тата минута, а во 87-мата минута го постигна својот дебитантски погодок, па „Театарот од соништата“ како што го нарекуваат стадионот „Олд Трафорд“ за него значеше и деби од соништата.