Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, говорејќи за „Случајот Винисиус“ и расизмот меѓу шпанските фанови, направи несмасна паралела помеѓу навредите кон Винисиус и тие кон Кристијано Роналдо и Лионел Меси додека овие ѕвезди играа во шпанската лига.
„Ако Винисиус го напушти теренот поради расистички навреди кон него, ќе го поддржиме. Го навредуваат дека е добар. Факт е дека најголемите ѕвезди и најдобрите играчи се тие што добиваат најмногу навреди. Големите играчи како Роналдо и Меси трпат најмногу навреди. Во едниот случај станува збор за хомофобни навреди, а другиот го прозиваат бидејќи е интелектуално ограничен“, рече Тебас.
Иако не прецизираше, јасно е дека навредите дека е хомосексуалец се однесуваат на Роналдо, а дека е „глупав“ на Меси. Оваа изјава на Тебас донесе многу негативни коментари, фанови тврдат дека тој лаже.