25.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Тејлор Фриц откри каде потфрли и зошто не успеа да го победи Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ остануав тениски кошмар за Тејлор Фриц. Во 11 меѓусебни дуели, Ѓоковиќ има 11 победи. Фриц се надеваше дека денеска на свој терен, на Отвореното првенство на САД ќе успее да ја прекине црната серија, но не успеа и загуби со 1:3 во сетови.

Иако поразот е со 3:1, факт е дека Фриц имаше свои шанси кои не ги искористи. Американецот имаше дури 10 неискористени брејк поени, а во една таква ситуација не може да се бара победа над Ѓоковиќ.

„Звучи подобро од што е. Нула од 10 брејк шанси, па дури потоа една искористив. Тука не се бројат и оние ситуации кога имав 0:30, 15:30 или кога беше 30:30. Имав многу шанси кои не се гледаат преку статистиката. Едноставно тие поени ги играв лошо, а кога се обидував да бидам агресивен, тие удари не ме служеа како што сакав. Тешко е да се освои поен кога не можеш да го одиграш тоа што го сакаш“, рече Фриц по 11-тиот пораз од Ѓоковиќ.

Американецот потенцираше дека Ѓоковиќ има одличен прв сервис по кој потоа стигнува до лесни поени. Едноставно Фриц нема „лек“ за играта на Ѓоковиќ и останува без ниту една победа во 11 меча со најтрофејниот тенисер на гранслем-турнирите.

- Оглас -

Најнови вести