Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат седум натпревари за кои НБА-програмата содржи десет натпревари, а за кои Sport Life подготви 152 и 154 комбинации за играње.
Дербито на вечерта ќе се игра на Флорида, каде што Мајами хит го пречекува Бостон селтикс во реприза од финалето на Источната конференција од минатата сезона. Во него Бостон водеше со 3-1 во победи, но на крајот во големото финале се пласира Мајами откако нанижа три победи по ред.
Бостон сезонава е главен фаворит за пласман во големото НБА-финале, а вечерашниот дуел ќе претставува шанса за реванш за ланската елиминација.
Првиот дуел сезонава му припадна на Бостон со 119:111, а вечерва Џејсон Тејтум, Џејлен Браун, Кристапс Порзингис ќе атакуваат на нов триумф против Жешките. Бостон е фаворит и квотата за триумф изнесува 1.43.
Интересен дуел се очекува да се одигра во Индијанаполис, каде што Индијана го пречекува тимот на Филаделфија. Квотите се на страната на Филаделфија (1.52), која е во серија од шест победи по ред, и тоа најмногу поради неверојатниот Џоел Ембид, кој е прв стрелец во НБА-лигата со просек од 36,1 поени по натпревар.
Никола Јокиќ и Денвер нагетс ја продолжуваат серијата по Истокот, каде што одиграа четири меча и славеа на три. Вечерва противник ќе им биде Њујорк никс, кој е во серија од четири триумфи по ред, но против екипи кои имаат негативен скор сезонава. Денвер е фаворит иако Јокиќ го очекува тешка борба под кошевите со Џулиус Рендл, кој игра во одлична форма.
Победа се очекува и од ЛА лејкерс, кај кого се враќа Леброн Џејмс во дуелот со Чикаго булс.
Покрај стандардните игри, тука е популарната игра „плус-минус“ поени за кошаркари. Вечерва има 43-ца кошаркари за кои може да погодувате дали ќе ја надминат или не предложената граница.