Сите погледи на светската спортска јавност утре ќе бидат насочени кон полуфиналниот кошаркарски дуел на Летните олимписки игри во Париз, помеѓу селекциите на САД и Србија.
Овие две репрезентации играа пријателски натпревар пред Олимпијадата, а на игрите во Париз беа во иста група. Резултатот од двата натпревари беше убедлива победа на САД, па сега сите се во исчекување на новиот дуел на Никола Јокиќ против НБА дрим тимот, но овојпат во борбата за медали на ЛОИ.
„Сите очекуваа да го победиме Бразил, но не смееме да ги сфатиме работите здраво за готово. Канада изгуби. Сега се е различно, не е ова плеј-оф, многу глупости може да се случат во еден натпревар. Многу е важно да имаме добар старт на натпреварот, како што беше случај со Бразил. Тешко е да се победи иста екипа трипати по ред. Очекувам тежок натпревар, ќе биде забавно и се радувам на тоа.“ – вели Џејсон Тејтум пред мечот со Србија.
Натпреварот помеѓу Србија и САД од полуфиналето на Олимпијада во Париз на програмата е утре со почеток во 21 часот.