Тексас го освои пехарот за којшто сонуваше 63 години, и тоа освоен во голем стил (Видео)

Екипата на Тексас Ренџерси за првпат во својата 63-годишна историја успеа да го освои пехарот во МЛБ Светската серија. Тексас до историската победа стигна на гостувањето кај Феникс, откако со 5:0 ја совладаа Аризона.

Со овој триумф Тексас до пехарот стигна до 4:1 во победи. Последниот триумф беше и и рекорден. Ренџерите се први кои успеале да победат 11 натпревари во низа на гостински терен, што само е потврда дека заслужено стигнаа до пехарот наменет за најдобриот.

За МВП на финалната серија беше прогласен Кори Сигер.

- Оглас -

Најнови вести