Тексашко надмудрување, и обид за реванш на Тандер во НБА лигата

Хјустон рокетс – Сан Антонио спарс (01.00 часот)

Тексашките ривали за првпат играат еден против друг во 2019 година, но есеноска имаа три соочувања, во кои Хјустон победи двапати, а Спарс еднаш. Кога немаше многу поени, славеа „мамузите“, а кога се играше ефикасна кошарка и двата тима даваа над 100 поени, триумфираа „ракетите“. Спарс на 13 март доби едно гостување во Тексас, кај Далас, но сега има посилен ривал против себе.

Предлог тип: >220.5 (1.88)

 

Торонто репторс – Оклахома Сити тандер (00.30 часот)

Оклахома има четири порази по ред, но не е без шанси против канадскиот тим кој не може да смета на Кајл Лаури. Овие два тима играа и вчера, во Оклахома, и мечот отиде во продолжение, откако во регуларниот дел заврши 110-110. Пред да победи завчера, Торонто против Тандер имаше четири порази во низа.

Предлог тип: <225.5 (1.87)

 

Милвоки бакс – Мајами хит (01.30 часот)

Лидерот на Истокот може да си дозволи и кикс против Мајами. Хит грчевито се бори за место во плејофот и има серија од три победи по ред, и само два порази во последните десет меча. Кај Бакс, на листата на повредени се Марк Гасол, Миротиќ, Брогдон и Дивинченцо. Милвоки сезонава извојува две убедливи победи против „жешките“.

Предлог тип: Х 2 -8.50 (1.85)

 

ЛА Лејкерс – Бруклин нетс (03.30 часот)

Лонзо Бол и Инграм ќе ги нема кај „езерџиите“, и тоа е хендикеп за домашните, но има други играчи кои може да експлодираат. Лејкерс во март, уште нема домашна победа, додека Нетс ќе се обиде да дојде до втора победа во Калифорнија во последните три дена. Според традицијата, тука ќе има над 200 поени, а Бруклин четири години нема победа во „Стејплс центарот“.

Предлог тип: 2 (1.70)

 

Вашингтон капиталс – Минесота вајлд (00.00 часот)

Вашингтон има серија од осум победи по ред во дуелите со Минесота, па и овојпат Овечкин и другарите се фаворити на хартија. Последните две меѓусебни средби завршија со по 5-2, но тие мечеви се играа во Минеаполис. Во главниот град, дуелите не се толку ефикасни, но има голови и најчесто победуваат домашните. Валјд четири години не знае за победа во Вашингтон.

Предлог тип: 1 (1.95)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести