Теквондистот Дејан Георгиевски е прогласен за спортист на годината во Македонија!

Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија вечерва ги доделија наградите за најдобрите спористи и спортски работници во 2021 година, а очекувано, за спортист на годината е прогласен теквондистот Дејан Георгиевски, кој летово освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио.

Борче Костовски, кој е тренер на Георгиевски, беше прогласен за најдобар тренер, додека Теквондо федерацијата е најдобра спортска федерација.

Во женска конкуренција, за спортистка на годината е прогласена Мери Акиевска. Таа годинава освои четири златни медали на светскиот шампионат во фитнес и бодибилдинг.

Најдобри млади спортисти се ракометарката Ива Младеновска и каратистот Столе Смилковски. Фудбалската сениорска репрезентација е најдобар национален тим, додека пак кај дамите ова признание заврши кај кадетската ракометна репрезентација.

За најуспешен спортист со инвалидитет беше избран пливачот Андреј Стојаноски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести