Фудбалерите на Шериф Тираспољ во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите имаа чест да играат и да победат на славниот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, а утре пак ќе гостуваат на легендарен стадион, овојпат „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, во Милано, каде што ќе водат битка со Интер.
Интересна ситуација снимија новинарите од „Скај спорт Италија“. При излегувањето на теренот, речиси сите членови на молдавскиот првак, од играчи, до тренери и останати вработени во клубот, снимаа со своите мобилни телефони како да виделе некое чудо. Ниту еден играч на Шериф досега не играл на „Џузепе Меаца“, па сакаа да го овековечат моментот кога првпат од тунелот стапнале на теренот во Милано.
Меѓу малкуте фудбалери на Шериф кои не снимаа, беше македонскиот репрезентативец Бобан Николов. Тој не сакаше да се однесува како турист, и „мртов ладен“, како секој викенд да игра во Милано, при излегувањето покажуваше и објаснуваше нешто.
Видеото може да го погледнете ТУКА.