23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Телефонскиот разговор со Мурињо може да биде клучен: Рашфорд се сели во Фенербахче?!

Манчестер јунајтед веќе подолго време бара решение за проблемот, кој се вика Маркус Рашфорд. Фудбалерот минатата полусезона ја мина како позајмен во Астон вила, но летово повторно се врати на „Олд Трафорд“ и според информациите на медиумите од Островот, тој одбива да го напушти клубот и тренира индивидуално.

Сепак, се чини дека се гледа крајот и на оваа сага, а клучен може да биде телефонскиот повик од Жозе Мурињо лично. „Специјалниот“ соработуваше со Рашфорд во периодот од 2016 до 2018 година, кога беше тренер на Манчестер јунајтед, а сега сака да го види во дресот на Фенербахче.

Рашфорд веќе дал зелено светло на неговата менаџерска екипа да започне преговори со Фенербахче, па многу наскоро ќе биде познат и епилогот.

- Оглас -

Најнови вести