Интер Мајами загуби на свој терен од Синсинати со 0:1 и тој пораз значеше крај на надежите за тимот од Флорида дека може да стигне до плејофот во МЛС. На овој дуел, по подолга пауза во тимот на Интер Мајами се врати Лионел Меси, кој влезе во игра како резерва во второто полувреме.
До крајот на сезоната за Интер Мајами му останува само уште дуелот против Шарлот кој ќе се игра на 22 октомври. Веќе почнаа шпекулации дека по овој меч можно е Меси да си замине од САД. Можеби токму затоа, едно дете по дуелот со Синсинати реши да втрча на теренот во обид да се фотографира со Меси. Во тој момент веднаш реагираше телохранителот на Аргентинецот и буквално го блокираше детето да дојде до својот идол.
Кога Меси виде дека се работи за негов млад фан, побара од телохранителот да го пушти детето да се фотографираат, а потоа му даде и автограм. Едноставно и во моментите на разочарување поради поразот, Меси покажа дека ги цени своите навивачи.
I love how Lionel Messi’s bodyguard was all over this kid running onto the pitch — but then decided to give him the memory anyway 🐐pic.twitter.com/EmTpppUOSb
— Joe Pompliano (@JoePompliano) October 8, 2023