Телохранителот на Меси со апел: Дозволете ми да го спасам!

Јасин Чеуко е надалеку познат телохранител на Лионел Меси кој речиси ќе остане без работа додека аргентинскиот виртуоз е на терен. Според новите правила во МЛС-шампионатот во САД, ниту едно лице кое не е официјално нема да смее да биде покрај теренот, ниту на теренот за време на натпреварите.

Досега на Јасин му беше дозволено да биде покрај аут-линијата и да може брзо да реагира кога некој навивач ќе втрча на терен во обид да стигне до Меси. Поранешниот американски војник секогаш беше подготвен да реагира и ретко кој навивач успеваше да дојде до Меси пред да биде сопрен од телохранителот.

Со новите правила во МЛС, Јасин ќе мора да седи на трибина, што значи дека нема да има никаква реакција кога некој навивач ќе втрча на терен и ќе се обиде да дојде до Меси.

„Не ме сакаат да бидам покрај теренот. Бев во Европа, во Лига 1 во Франција и во Лигаta на шампионите, каде што за седум години, само шестмина втрчаа на теренот за да дојдат со Меси. Тука веќе има 16 такви случаи“, вели телохранителот на Меси, додавајќи дека тој не е проблемот.

„Тука има голем проблем, но тоа не сум јас. Дозволете ми да помогнам. Ја сакам МЛС-организацијата и фудбалот кој е тука. Мора да работиме заедно. Не сум подобар од некој друг, но имам свое искуство од Европа“, додаде некогашниот американски војник кој бил во Ирак и Авганистан.

Јасин Чеуко заработува 250.000 долари на месечно ниво за да го чува Меси. Неодамна тој го предизвика и Логин Пол на борба во бокс рингот.

- Оглас -

Најнови вести