22.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Телохранителот на Меси заработува милиони за да му биде верна сенка

Фудбалската еуфорија околу Лионел Меси во САД не престанува. Веќе два месеца Меси е во центарот на вниманието. Каде и да се појави Аргентинецот, навивачите сакаат да се фотографираат со него, да добијат автограм, едноставно да имаат некаков спомен.

Сепак, во САД е многу тешко да се дојде до Меси затоа што Аргентинецот има телохранител кој му е верна сенка. Дури и кога е на теренот за време на мечот, телохранителот постојано е на неколку метри од аут-линијата и го следи Лео во чекор.

Јасин Чуеко се вика телохранителот, кој е поранешен американски војник кој учествувал во воените мисии во Ирак и Авганистан. Тој е и мајстор за боречки вештини, боксер и мајстор за таеквондо.

На социјалните мрежи беа објавени неколку видеа на кои телохранителот реагира во ситуации кога некој сака да се доближи до Меси. Медиумите шпекулираат дека за оваа работа да биде „сенка“ на Меси тој заработува 250.000 евра месечно, односно три милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести