Академија Пандев е блиску до полуфинале во националниот куп по победата на гости против Шкупи со 1:0 попладнево во Скопје.
Ристе Темелков погоди во последен момент по одличната акција на фудбалерите на Академија Пандев. Струмичани го бранат пехарот во Купот, а ќе треба да го потврдат полуфиналето со позитивен резултат во мартовскиот реванш-меч.
Денот во знакот на гостинските екипи го потврдија и Работнички со реми 1:1 во Тетово против Шкендија и Ренова со ново реми, но без голови во Струга.
Од 16.30 часот се игра последниот меч од првите дуели во четврт-финалето на Купот, а во Штип Брегалница ќе ѝ биде домаќин на екипата на Лабуништа во единствената второлигашка пресметка.