Тен Хаг се фали: Покажавме дека знаеме да играме добар фудбал

Манчестер јунајтед со пресврт стигна до победа над Брентфорд во меч од осмото коло на Премиер лигата, за голема радост на фановите на „Олд Трафорд“. Гостите водеа на полувреме, но Црвените ѓаволи во вториот дел заиграа подобро и со головите на Гарначо и Хојлунд стигнаа до триумф од 2:1. Тренерот на Манчестер, Ерик тен Хаг беше пресреќен за освоените три бода.

„Тензијата е секогаш тука затоа што мораме да победуваме на секој натпревар. Чувствувавме неправда и ја искористивме како гориво во второто полувреме. Ми се допадна како игравме во првиот дел, а особено во второто полувреме. Секоја победа е важна. Тимот повторно покажа единство и борбеност. Покажавме одлучност да постигнуваме голови и мислам дека тоа е она што ни треба. Кога постигнувате гол – победувате. Така ќе ја вратите вашата самодоверба“, задоволно коментираше Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести