Тен Хаг еуфоричен: Одиме на „Вембли“ да го освоиме ФА купот!

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, имаше обраќање до навивачите на „Олд Трафорд“ по победата од 3-2 над Њукасл во нивниот последен домашен натпревар оваа сезона.

Јунајтед уште има теоретски шанси да обезбеди настап во европско клупско натпреварување. На тимот му претстои последниот меч во Премиер лигата и финалето на ФА купот на „Вембли“ во Лондон против градскиот ривал Манчестер сити.

„Сезонава не е завршена. Прво одиме во Брајтон по трите бода, а потоа на Вембли по ФА купот. Ви ветувам дека овие играчи ќе дадат сè, буквално сè од себе за да го освојат трофејот и да го донесат на Олд Трафорд. Сигурни сме дека и таму ќе нè поддржите, вие сте најдобрите навивачи на светот“, рече Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести