Строгоста на Ерик Тен Хаг излезе на виделина. Новиот менаџер на Манчестер јунајтед не трпи непочитување на инструкции, па го опцу ирачкиот талент Зидан Икбал за време на еден тренинг.
„Зидан, чувај ја топката… Еб*но ѓубре!“, извика Холанѓанецот откако Икбал не ја послуша неговата инструкција.
Ваков строг тренер Ѓаволите немале уште од времето на Сер Алекс Фергусон. Ниту еден од неговите наследници не можеше да наметне авторитет, но сосема различна е приказната со Тен Хаг.