Холанѓанецот Ерик Тен Хаг има одличен старт како тренер на Манчестер јунајтед и денеска го предводеше гигантот до втора победа во вториот меч, откако е на кормилото на Црвените Ѓаволи.
Со пресврт англискито тим успеа да го победи Мелбурн виктори со 4:1 на „Крикет граунд“ во Мелбурн, што е втора победа во новата ера на клубот со Тен Хаг како тренер.
Претходно исто така во пријателски меч, но во Бангкок, Манчестер го декласира вечниот ривал Ливерпул со 4:0.
Денеска во Мелбурн, Црвените ѓаволи почнаа лошо и примија гол во петтата минута и тоа по блескава акција на фудбалерите на Виктори.
Икономидис ја погоди мрежата на Хитон во петтата минута и најави сензација.
Чудо сепак не се случи и Манчестер јунајтед се разигра, па со два гола во финишот на првото полувреме на Мек Томинеј и на Марсијал направи комплетен пресврт уште во првиот дел.
Во продлжението погоди и Рашфорд и тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.
За крај на убедливата победа на Манчестер јунајтед, Луканку си постигна автогол во 90. минута.