Тен Хаг го купи за 95 милиони евра, а сега Јунајтед бара начин како да се ослободи од него

Бразилскиот интернационалец Ентони воодушеви со своите игри во Ајакс и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на Ерик тен Хаг во првенството на Холандија. Со преселбата на тренерот од Холандија во Англија, Тен Хаг го убеди раководството на Манчестер јунајтед да плати неверојатни 95 милиони евра за Бразилецот, но тој воопшто не ги оправда очекувањата.

Ентони оваа сезона одигра само пет натпревари и постигна еден гол во Лига купот, а Црвените ѓаволи бараат начин како да се ослободат од него. Бразилецот има договор до 2027 година, а од раководството веќе јасно му порачале дека може да си бара нов клуб уште во јануари.

Иако беше платен 95 милиони евра, неговата вредност во моментов е само 20 милиони евра, а поради лошите игри го загуби и репрезентативниот статус кај Кариоките.

- Оглас -

Најнови вести