Тен Хаг го врати Санчо во првата екипа, Манчестер јунајтед го победи Глазгов Ренџерс

Екипата на Манчестер јунајтед ја забележа првата победа во подготвителниот период за новата сезона, откако во Единбург го победи Глазгов Ренџерс со 2-0. Избраниците на Ерик тен Хаг победија со головите на Амад Диало и Џо Хагил.

На големо изненадување на навивачите, во првата постава на „црвените ѓаволи“ се најде и Џејдон Санчо, фудбалерот кој беше отпишан од Тен Хаг и испратен на позајмица на Борусија Дортмунд, но после враќањето се покажа дека се точни информациите дека фудбалерот и тренерот се помириле и тој ќе биде еден од главните играчи на екипата во следната сезона.

За екипата на Манчестер јунајтед сега следува турнејата во САД, каде ги очекуваат натпревари против Арсенал, Бетис и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести