Тен Хаг и Клоп во борба за потписот на фудбалер кој стана светски шампион (Фото)

Манчестер Јунајтед и Ливерпул немаат сезона со која можат да се гордеат. Токму затоа екипите веќе започнаа со планирањето на ростерите за следната сезона. Двата Премиерлигаши водат голема битка за обезбедување на потписот на светскиот шампион со Аргентина, Алексис МекАлистер.

МекАлистер има активен договор со Брајтон до летото 2025-тата година и неговиот клуб сигурно дека добро ќе заработат од трансферот.

Фудбалерот на Брајотон својата кариера ја започна во Аргентинос Јуниор, а во 2019-тата година се пресели во премиерлигашот за 8 милиони евра. Потоа беше испратен на позајмица во Бока Јуниорс. Најголемиот успех во својата кариера го направи со репрезентацијата на Аргентина со која го освои Светското првенство во Катар минатата година.

- Оглас -

Најнови вести