Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед и понатаму се надева дека ќе може да го убеди Френки де Јонг да се пресели на „Олд Трафорд“ и да заигра во Премиер лигата. Тој една од најголемите желби на менаџерот Ерик тен Хаг, кој инсистира да го има во својот состав.
Поради тоа, раководството на клубот се обидува да го исполни ова негово барање.
Во моментот, еден од приоритетите на Јунајтед е засилување на средниот ред на тимот, а Де Јонг е на врвот на листата на посакувани играчи. Црвените ѓаволи се обидоа да го доведат и минатото лето, но не успеаја. Сега веруват дека шансите им се многу поголеми.
Според каталонскиот „Спорт“, Манчестер јунајтед испратил понуда до Барселона во вредност од околу 50 милиони евра, која била одбиена. Сепак, англискиот клуб размислува за нова, зголемена понуда.