Манчестер јунајтед ја започна чистката на фудбалери на кои менаџерот Ерик тен Хаг нема да смета во следната сезона.
Тен Хаг денеска ги известил Дин Хендерсон, Хари Мегваер, Ерик Баји, Алекс Телес, Ентони Еланга, Фред и Дони ван де Бек дека не смета на нив за следната сезона и може да си заминат доколку пристигне понуда за нив.
Во Јунајтед се надеваат дека од продажбата на отпишаните фудбалери ќе заработат 70 милиони евра, со кои ќе го финансираат трансферот на Мејсон Маунт од Челзи, а потоа ќе тргнат по потписот со голманот на Интер, Андре Онана.

