Тен Хаг: Каземиро е бетон во нашиот среден ред

Манчестер јунајтед вчера ја оствари седмата победа во Премиер лигата откако на „Олд Трафорд“ со минимални 1:0 го совлада Вест хем и се искачи на петтото место на табелата, а менаџерот на тимот, Ерик тен Хаг, е презадоволен од прикажаната игра.

Еден од фудбалерите што одигра одлично е играчот кој дојде од Реал Мадрид, Каземиро, за кого Тен Хаг има само пофални зборови.

„Јас за него велам дека е бетон во нашиот среден ред. И кога топката е кај него, но и кога не е, тој прави разлика и ни помага да доминираме. Каземиро може одлично да ја чита играта и да им помага на играчите така што ќе ги испраќа на вистинските позиции на теренот. Има одлична антиципација, Каземиро е одличен играч и среќен сум што е дел од нашиот тим“, изјави Тен Хаг.

За Бразилецот веќе помина периодот на адаптација на новиот тим, соиграчите и системот на игра и сè почесто е во првиот тим на Манчестер јунајтед и одлично игра во тандем со Кристијан Ериксен.

„Каземиро е брилијантен и гледате зошто петпати триумфира во Лигата на шампионите. Долго време е на врвот и од натпревар во натпревар е сè подобар и има сè поголемо влијание врз нашата игра“, додава Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести