Ексменаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, во едно интервју кажа дека не планира да работи сезонава и дека му недостасува стадионот „Олд Трафорд“.
Тен Хаг го водеше Манчестер на 128 меча, а името на Холанѓанецот се спомнуваше во комбинација за тренер на Борусија Дортмунд.
„Веќе донесов одлука да не работам до први јули, што значи дека би почнал од следната сезона. Ако има една работа која ми недостасува периодов, тоа е Олд Трафорд. Имавме доста добри работи со Манчестер јунајтед, но секогаш велев имаме простор за напредок. Добро не е доволно“, вели Тен Хаг, кој за две сезони со Црвените ѓаволи ги освои ФА купот и Лига купот на Англија.