Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, вели дека неговата екипа има големи шанси да подигне трофеј оваа сезона и покрај денешниот пораз на домашен терен од Ливерпул со 0-3.
Јунајтед е 14-ти на табелата во Премиер лигата, со само три бода од првите три натпревари. Сепак, Тен Хаг одби да го прифати негативното гледиште за резултатот.
„Не сум Хари Потер. За тројца играчи тоа беше прв меч сезонава. Угарте не одигра ниту една минута, допрва ќе треба да го вклопиме во тимот. Овој пораз боли за нас и нашите навивачи. Но, на крајот на сезоната убеден сум дека ќе имаме голема шанса да подигнеме уште еден трофеј. После Манчестер сити, ние сме тим со најмногу освоени трофеи за овие две сезони откако сум тука“, рече Тен Хаг.
На социјалните мрежи се појави видео за кое се тврди дека покажува дека Касемиро пред крајот на мечот го напушта „Олд Трафорд“, но Тен Хаг негираше.
„Тој не го напушти стадионот на полувремето. Го сретнав во соблекувалната по натпреварот“, вели холандскиот стручњак.