Тен Хаг објасни зошто Манчестер јунајтед е најлош во последните 37 години

Манчестер јунајтед има лош старт на сезоната каков што не се памти во последните 37 години. Славниот клуб е последен на табелата во ЛШ по две кола, а во Премиер лигата е на десеттото место.

Тренерот Ерик тен Хаг не се чувствува многу виновен за овие очајни резултати и објасни зошто неговиот тим загуби синоќа од Галатасарај на „Олд Трафорд“, иако двапати имаше водство.

„Грешките кои ги правиме се недозволиви на ова ниво на игра. Противниците тоа веднаш го казнуваат. Ова е тешко да се контролира. Сите сме заедно во ова. Двапати имавме водство, ја контролиравме играта. Задоволен сум што Расмус даде два гола, но лошо е затоа што не победивме“, објасни Тен Хаг.

Манчестер јунајтед загуби седум пати во последните 14 меча во ЛШ на „Олд Трафорд“ (има и пет победи и две нерешени). Во претходните 96 меча, кога во ЛШ играле на домашен терен, Манчестер јунајтед имал само седум порази и дури 67 победи и 22 нерешени.

- Оглас -

Најнови вести