Тен Хаг објасни зошто Манчестер јунајтед претрпе историски пораз на „Енфилд Роуд“

Манчестер јунајтед го доживеа најтешкиот пораз во историјата на англиското првенство, откако со 7:0 загуби на гости кај најголемиот ривал Ливерпул. Тренерот на Црвените ѓаволи, Ерик тен Хаг беше многу разочаран од шокот што му го приредија неговите фудбалери.

„Првото полувреме го одигравме пристојно, но второто… Тоа не бевме ние. Не игравме тимски, не се однесувавме професионално. Лут сум, но и изненаден затоа што во претходните неколку недели овој тим одеше по победнички патеки и стекнуваше таков менталитет. Може да се загуби меч, но не на ваков начин. Тоа не е Манчестер јунајтед. Ова не смее да се случува и мора да разговараме за ова. На теренот видов 11 играчи кои ги загубија главите. Разочаран сум“, рече Тен Хаг.

По оваа победа Ливерпул стигна до петото место со 42 бодови, додека Манчестер јунајтед останува на третото место со 49 бодови.

- Оглас -

Најнови вести