Менаџерот на Манчестер јунајтед во пресрет на вечерашното гостување кај Баерн Минхен, се пожали на бројните повреди во тимот, поради кои ниту еднаш откако е на клупата на Црвените ѓаволи ги немал сите на располагање.
„Откако сум во Манчестер, ниту еднаш не почнавме меч со најсилниот состав. Секогаш имаме повредени, но речиси секогаш, освен периодов, имавме добри резултати и во такви услови“, изјави Тен Хаг.
На долгата листа на отсустни кај Манчестер за мегапресметката со Баерн се Амрабат, Антони, Дијало, Мегваер, Маунт, Санчо, Шоу, Варан, Ван Бисака…