11.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Тен Хаг повторно се враќа во старото јато и ќе го преземе кормилото на Ајакс?!

Ерик тен Хаг беше отпуштен од Баер Леверкузен по само два првенствени натпревари и остана без ангажман, но сега ќе чини дека таа пауза нема да трае долго. Холандскиот тренер е пред враќање во старото јато, односно во Ајакс, екипата од каде направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Гигантот од Амстердам има лоши резултати, па се очекува сегашниот тренер, Џон Хеитинга, наскоро да стане „поранешен“, а на негово место да дојде токму Тен Хаг.

Ерик тен Хаг го предводеше Ајакс од 2018 до 2022 година и за тој период освои три шампионски титули, а двапати го крена трофејот и од Купот на Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести