Тен Хаг: Сите сме виновни за поразот, да не беше Де Хеа, сега немаше да бидеме тука

Поразот од 0-1 на гостувањето кај Вест хем сериозно го загрозува четвртото место на Манчестер јунајтед во Премиер лигата и учеството во Лигата на шампионите следната сезона.

Ѓаволите два меча по ред губат со по 0-1 и не успеваат да постигнат гол на четири од последните шест натпревари.

Против Чеканите, голманот Давид де Хеа направи голема грешка и прими гол, но менаџерот Ерик тен Хаг застана во одбрана на Шпанецот.

„Сами сме си виновни за поразот, но сега за првпат по Божик ќе имаме слободна недела. Треба да направиме анализа зошто на последните мечеви вторите полувремиња играме под нашето ниво. Давид направи сериозна грешка, но грешките се дел од фудбалот. Сезонава тој имаше многу мечеви без примен гол, без Давид немаше да сме на оваа позиција“, изјави Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести