Тен Хаг: Целта ни е да го сопреме Сити да го направи тоа што му успеало само на Манчестер јунајтед

Финалето на ФА Купот ќе биде дуел на двете екипи од Манчестер. Јунајтед е втор најдобар по бројот на освоени титули во најстарото натпреварување во светот (зад рекордерот Арсенал), а Сити е фаворит за титулата во дуелот кој се игра утре.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека неговиот тим имал добра сезона, но дека сезоната би била многу подобра ако се заокружи со трофеј во ФА Купот. Двоен е мотивот на Црвените ѓаволи да стигнат до трофејот. Првиот, секако е да се доведе уште еден пехар во клупските витрини, а втората причина е да се сопре Сити во обидот да стигне до тројна круна сезонава.

Низ историјата, само Манчестер јунатед во 1999 година има освоено тројна круна (Првенството, ФА Купот и Лига на шампиони). Сити сезонава ја освои Премиер лигата, игра во финалето на ФА Купот, а потоа за нив следи и финалето во Лигата на шампиони против Интер. граѓаните се фаворити и во ФА куп финалето и во дуелот против Интер во ЛШ.

„Зад нас е една добра сезона. Во едно силно првенство, ние завршивме на третото место на табелата, го освоивме трофејот во Лига купот, а сега играме и финале во ФА Купот. Сакаме да го освоиме и пехарот во ФА Купот и да не му дозволиме на Сити да атакува на тројна круна. Многу се боревме, напорно работевме да стигнеме до ова финале и сега сакаме да го освоиме, иако знаеме дека против себе имаме тежок ривал“, рече тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести