3009 – Емполи – Лече (18:30)
Емполи и Лече важат за екипи кои играат ефикасно, а според состојбата на табелата, и нема што да бранат на денешниот натпревар. Четири од последните пет натпревари на Емполи завршиле најмалку со два гола, односно три со минимум три погодоци. Мечевите на коишто играл Лече се уште поефикасни. На последните пет натпревари само еднаш биле постигнати два погодока, а на сите останати имало најмалку по три. Слично е и во нивните меѓусебни дуели. На последните пет натпревари само еднаш бил постигнат еден погодок, додека на останатите секогаш имало два или повеќе.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.13)
1035 – Портсмут – Болтон (21:00)
Во дербито на англиската Чемпионшип дивизија се среќаваат двете водечки екипи. Првопласираниот Портсмут го пречекува вториот Болтон со предност од три бода, но гостите имаат натпревар помалку. Се очекува двете екипи да понудат вистински спектакл, кој треба да биде зачинет со погодоци во двете мрежи. Двете екипи заедно оваа сезона имаат постигнати 69 гола.
Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (2.30)
1310 – Рајо Ваљекано – Селта (21:00)
Ефикасен фудбал се очекува на дуелот од шпанската Ла Лига помеѓу Рајо Ваљекано и Селта Виго. Двете екипи кои веќе заборавија кога последен пат победиле, вечерва нема што да бранат и мора да атакуваат на победа. Нивните меѓусебни натпревари се ефикасни, па дури шест од последните десет дуели завршиле најмалку со три погодока.
Предлог тип: 3+ (2.04)
1321 – Тенерифе – Алкоркон (21:00)
Екипата на Тенерифе за противник го има последнопласираниот во шпанската Секунда, Алкоркон. Убава можност за домашните да се вмешаат во борбата за пласман во плејофот за влез во повисок ранг, но гостите иако играат во катастрофална форма, сепак ќе се обидат да дојдат до поволен резултат. Очекувањата се дека второто полувреме ќе биде поефикасно и токму во вторите 45 минути ќе биде решен исходот на овој натпревар.
Предлог тип: 1Х & 2>1 (1.97)
1544 – Жил Висенте – Мореиренсе (21:15)
Фудбалерите на Мореиренсе со фаворитска улога патуваат на гостувањето кај Жил Висенте, пред сè поради моменталната форма во која се наоѓаат екипите, но и пласманот на табелата. Сепак, домашните се цврст орев за сите противници, па очекувањата се дека така ќе биде и денес и барем во првото полувреме ќе им оддолеваат на гостинските напади. Жил Висенте последен пат победил против Мореиренсе во 2013 година и оттогаш го нема почувствувано вкусот на победата против денешниот противник на 13 натпревари по ред.
Предлог тип: 1Х-Х2 (2.18)