1321 Сарагоса – Картагена (22ч, шпанска Втора лига)
Екипите кои се најдоа во црвената зона уште на стартот од сезоната ќе влезат во битка по првата победа и подобрувањето на моменталната форма. Сарагоса нема дадено ниту гол, но освои бод против Ибица во првиот меч со ремито без голови. Картагена, пак, прими пет погодоци во два меча и покажа дека има разнишана одбрана, што е добра вест за домаќините да атакуваат на поволен резултат.
Во ланската сезона овие две екипи првпат се сретнаа и во двата меча нема победник, прво ремизираа при 1-1, а потоа и со празни мрежи. Сепак, вечерва има шанси да се издвои поефикасен исход.
Предлог тип: 1X & 1-3 (1.90)
4209 Њуелс олд бојс – Атлетико Тукуман (19:30ч, аргентинска Прва лига)
Двете екипи влегуваат во дуелот со идентичен учинок по осум натпревари во шампионатот од 11 бода, по три победи и исто толку порази и две ремија. Њуелс се надева дека ќе се врати во победнички ритам бидејќи освои само еден бод во претходните три натпревари, додека пак Атлетико во претходното коло прекина лоша низа од четири меча без победа.
Њуелс во пет дуели како домаќин против Атлетико памети само еден пораз од септември 2018 година, во останатите средби славеше одржувајќи просек од над два погодоци, учинок што би можело да се повтори и вечерва.
Предлог тип: 1 (2.35)
7261 Марин Чилиќ – Филип Колшрајбер (18:30ч, прво коло ОП на САД)
Во вкупно 13 меѓусебни дуели, Колшрајбер бележи подобар биланс со 7-6 против хрватскиот тенисер, а ќе се сретнат по пауза од речиси три години. Сепак, Чилиќ доби три од последните пет меча, како и последниот меѓусебен дуел на турнирот во Париз, и јасно е дека ќе сака да продолжи во ист ритам.
Хрватот е за нијанса во подобра форма во однос на Колшрајбер, кој од јули наваму нема славено победа, а загуби во последните четири меча и не е во добар ритам.
Предлог тип: 1 сет >9,5 гемови (1.75)
7287 Енди Мареј – Стефанос Циципас (прво коло ОП на САД)
Циципас добива ретка и можеби единствена прилика да ги одмери силите против двократниот олимписки шампион и некогашен број 1 рекет во светот.
Гркот е голем фаворит против Мареј и би требало без поголеми проблеми да го мине воведното коло на последниот овосезонски гренслем, но искуството е на страната на Британецот, кој со сигурност ќе сака да приреди сензација.
Во четири од последните пет натпревари Циципас губеше барем по еден сет, што е знак дека Мареј може да се избори за маратонски дуел.
Предлог тип: >32,5 гемови (1.90)
7295 Каспер Руд – Жо-Вилфред Цонга (20ч, прво коло ОП на САД)
Цонга е во лоша серија од седум последователни порази, што сигурно ќе му влијаат врз играта вечерва. Ова ќе му биде прва средба против Руд, кој пак е во малку подобра форма и ќе сака да се поправи по поразот од Зверев пред помалку од 10 дена во Синсинати.
Цонга во серијата од седум порази успеа да освои само еден сет, што значи дека мора да покаже борбеност ако сака да мине барем едно коло на последниот овосезонски гренслем.
Предлог тип: <31,5 гемови (1.95)