Тениски и фудбалски натпревари со специјални коефициенти е понудата на Sport Life со денешниот Супер тип, во која има вкупно 16 меча и 56 најразлични комбинации за игра.
Првиот меч е фудбалски и се игра од 12 часот во Јапонија, а Висел Кобе е фаворит против Шимицу и за победа на домаќините понудата во Супер типот е точно 2.00.
Потоа има серија од пет тениски натпревари, три на Вимблдон, а фаворити се Симона Халеп против Аманда Анисимова, Ник Кирјос со Кристијан Гарин и Рафаел Надал против Тејлор Фриц.
Ако повеќе сакате фудбал, со мечот меѓу Тобол и Ференцварош од 16 часот почнува серијалот од шест меча во Лигата на шампионите, пет во Европа во квалификациите и еден во Јужна Америка меѓу Ривер плејт и Велес Сарсфилд, аргентинско дерби во осминафиналето.