21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Тенисер е суспендиран, а на социјалните мрежи судијката ја обвинуваат за глума (Видео)

Тенисерот Мајкл Мо доби службен пораз на натпревар од тенискиот Челинџер во Шарлотсвил, САД, откако во нервоза го фрли рекетот, кој заврши во грбот на линиската судијка.

Ваквиот непрофесионализам направен во бес направи антихерој од Мо, но огромен број љубители на тенисот сметаат дека судијката одглумила дека е повредена. Рекетот беше фрлен кон заштитното платно, се одби и ја поткачи судијката по грбот, а таа се фати за гради и падна на земја како да ја погодил гром.

Залудни беа обидите на тенисерот да објасни дека го фрлил рекетот далеку од судијката, која тврдеше дека веќе не е способна да продолжи и Мо беше дисквалификуван.

Погледнете ја ситуацијата повеќе пати и проценете дали судијката одглуми дека е повредена:

https://www.youtube.com/watch?v=PZAeEiXozSQ

- Оглас -

Најнови вести