Тенисер по два и пол часа играње застана и рече: Имам коронавирус (Видео)

Францускиот тенисер Уго Грение ги шокираше сите на челинџ турнирот во Бендиг откако реши да го предаде мечот против Салваторе Карусо и тоа откако претходно играше два и пол часа.

Се играше третиот сет во кој Грение губеше со 0:3 и беше пред пораз, кога Французинот застана и побара лекарска помош. Кога се појави докторот, Грение беше опоменет од главниот судија дека мора да ја стави маската на лице за да може да добие помош, а тенисерот на тоа му одговори: „Не ми е гајле, имам Коронавирус“.

Судијата инсистирал тенисерот да ја стави маската. „Без разлика дали имате Коронавирус или не, мора да ја носите маската ако сакате да добиете лекарска помош“, инсистираше судијата.

Тенисерот не доби лекарска помош, се врати на теренот го загуби и четвртиот гем во низа, а потоа пријде кон судијата и му рече дека го предава мечот, а потоа се поздрави со Карусо, што е против сите прописи, посебно ако навистина е заразен со вирусот.

- Оглас -

Најнови вести