Шведскиот тенисер Микел Имер не можеше да ги контролира нервозата и гневот, а тоа го чинеше елиминација од турнирот во Лион, Франција. Имер играше против домашниот тенисер Артур Филс и првиот сет беше неизвесен. При резултат 6:5 во гејмови за Филс, Имер многу се налути незадоволен од една судиска одлука.
Со рекетот, шведскиот тенисер почна да удира во столот на кој седеше судијата и искрши дел од инвентарот. Поради овој неспортски потег, Имер беше дисквалификуван.