На Отвореното првенство на САД се пишуваат многу интересни приказни на теренот, но и по завршување на мечевите. Еден необичен настан се случи по мечот кога полскиот тенисер Камил Мајчрак успеа да го победи фаворитот Карен Хачанов.
Полјакот дојде до трибините и даваше автограми, кога во еден момент реши неговата капа да му ја подари на едно дете кое беше во публиката. Тенисерот ја подаде капата, но тогаш, еден возрасен човек кој стоеше веднаш до детето, ја грабна капата и ја стави во торба.
Детето зачудено го погледна возрасниот човек, прашувајќи го: „Што тоа правите?“. Сепак, човекот без нималку срам продолжи без да ја врати капата која беше наменета за детето.
Оваа сцена стана вирална, па стигна и до полскиот тенисер кој започна акција да се најде детето кое требаше да ја добие капата, па на крајот и да го добие заслужениот подарок.
„По мечот, не приметив дека мојата капа всушност не заврши во рацете на детето. Благодарение на Адидас имам доволно капи, па тука имам подготвено капа за него. Луѓе, ве молам помогнете ми да го најдеме детето. Ако го најдете, пишете ми порака“, порача полскиот тенисер, а еден час подоцна ја апдејтираше пораката: „Неверојатно е каква моќ имаат осцијалните мрежи. Го најдовме детето и сега сѐ е во ред.“
NEW: Tennis star Kamil Majchrzak is looking for a young boy who had a hat snatched from him by a grown man at the US Open.
Majchrzak was seen trying to hand the boy his hat when a grown man took it and stashed it in a bag.
“After the match, I didn’t record that my cap didn’t… pic.twitter.com/JE5vGxjNxg
— Collin Rugg (@CollinRugg) August 29, 2025