-1.2 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Тенисер се самоповреди, па мораше да го предаде натпреварот (Видео)

Францускиот тенисер Артур Геа обезбеди пласман во второто коло од турнирот во Монпелје откако неговиот сонародник,Џовани Перикард го предаде мечот на крајот од првиот сет.

Перикард беше фаворит, со оглед на неговиот пласман на 57-мото место на АТП ранг-листата, но Геа како 168-ми во светот патува во следното коло откако Французинот во обид да врати една топка на мрежата, успеа да погоди само во своето лице, а потоа и да побара медицинска помош.

Тој имал силни болки во окото, па на крајот мораше да го предаде натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести