Аргентинскиот тенисер Факуно Дијаз Акоста (24) оствари импресивна победа во првото коло на АТП турнирот во Оукленд, победувајќи го Британецот Камерон Нори со 6-2, 6-3 во стеови. Мечот траеше околу 80 минути, а инцидент се случи на крајот на мечот.
Нори во еден момент ја погоди топката во мрежата, се сврте и го фрли рекетот. Рекетот одлета во првиот ред на трибините и погоди една навивачка, која за среќа ги подигна рацете за да избегне удар во лицето.
Овој ицидент можете да го погледнете тука
Судијата го опомена Нори, кој веднаш се извини.
„Не беше намерно, никогаш не сум направил нешто слично. Се насмевнав и реков: ‘Извини, не сакав тоа да го направам.’ Таа одговори: ‘Да, добро е. Не беше страшно.”
Нори има освоено пет АТП турнири, а најдобар ранкинг во кариерата му е осмото место на АТП листата.