Тенисерите го нападнаа Јаник Синер за допинг-скандалот: Ова ќе предизвика хаос!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер двапати бил позитивен на забранета супстанца „клобестол“, но ова било чувано во тајност од март, за потоа, по пет месеци, да биде објавено дека тој „не е виновен“. Синер може непречено да продолжи да се натпреварува, исто како и досега, бидејќи забранетата супстанца ја внел случајно во организмот.


Начинот на кој ова било прикриено изнервира многу од неговите колеги, кои јавно реагираа.

Најостар од сите беше Ник Кирјос, кој побара Синер да биде исфрлен од тенисот на две години. Многу тенисери и тенисерки исто така реагираа на социјалните мрежи, изразувајќи незадоволство поради перцепцијата дека Синер има „заштита“, за разлика од други играчи кои се соочиле со слични обвиненија, но доживеале месеци или години агонија.

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов на Твитер напиша дека правилата не се исти за сите.

„Различни правила за различни играчи… Не можам да замислам како се чувствува секој тенисер кој бил суспендиран поради забранета супстанца сега“, додека францускиот ас Лука Пуј исто така го изрази својот став дека проблемот не е во Синер, туку во тоа што не постојат исти критериуми за сите играчи.

Британскиот тенисер Лијам Броуди истакна дека, без разлика дали Синер се допингувал или не, ова не е фер. Тој додаде дека многу тенисери мораат да чекаат месеци или години за да ја докажат својата невиност, што предизвика бурна дискусија на социјалните мрежи.

И други играчи, како Тенис Сандгрен и Тара Мур, ја критикуваа одлуката, истакнувајќи дека ова влијае на транспарентноста и на интегритетот на спортот.

Јаник Синер засега не се огласи освен со подготвено ПР соопштение, но ќе мора да се појави пред медиумите за време на УС Опен.

- Оглас -

Најнови вести