На челинџер турнир кој се игра во Обединетите Арапски Емирати привремено беа прекинати натпреварите откако во близина одекнала експлозија од дел од дрон-бомба кој бил пресретнат од противвоздушната одбрана.
Снимка од дуелот на Остапенков и Мацуока покажува како тие панично бегаат од теренот, а тоа го прават и судиите, кои исто така мораа да се евакуираат од безбедносни причини.
Алармот во тенискиот клуб Фуџаира се активирал откако дронот бил пресретнат во близина на пристаништето, при што остатоците предизвикале пожар во зоната на нафтената индустрија.
💣 🤯 COURT EVACUATED AT THE FUJAIRAH CHALLENGER 🇦🇪 AFTER DRONE STRIKE EXPLOSION IS HEARD NEARBY pic.twitter.com/sQOXnTqq8o
— Mpb (@matchpo1ntbets) March 3, 2026

