21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Тенисерите сами ќе си земаат пешкири на Индијан велс

Организаротирте на Мастерс турнирот Индијан велс им забранија на тенисерите да се додаваат со пешкири со собирачите на тениските топчиња. На претстојниот турнир кој започнува во понеделник, тенисерите сами ќе мора да се послужуваат со пешкири кои ќе бидат поставени на столчиња покрај теренот.

Собирачите на топчињата воедно ќе мора да носат ракавици, а дополнителни мерки за претпазливост се применети и во просториите на спортскиот комплекс. Сите заеднички простории секојдневно ќе се чистат со средства за антивирус. Гумени ракавици ќе носат и вработените во рестораните, додека заштитни маски се препорачани за лекарските екипи.

Најавено е дека турнирот ќе работи во координација со локалните болници и центрите за заштита околу потенцијално заразување од коронавирусот. Ширум светот досега се заболени повеќе од 100.000 луѓе, додека повеќе од 3.400 од 90 различни земји ја загубија животната битка со смртоносниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести