Американската тенисерка Даниелe Колинс се пласираше во третото коло на Австралија опен, откако по голема борба и три сета ја победи домашната натпреварувачка, Дестани Ајаве со 2:1.
Колинс која е 11 на ВТА листата, беше голема фаворитка пред мечот, но Ајаве која е на 195 место на ВТА листата, бодрена од домашната публика за малку не направи изненадување.
Колинс го доби првиот сет со 7:6, потоа Австралијката се радуваше во вториот сет со 6:4, а во решавачкиот трет сет Американката го доби со 6:2. Веднаш по освојување на последниот поен, Колинс реши да ја „поздрави“ публиката која нормално навиваше за домашната тенисерка.
Колинс најпрво со гестикулации покажуваше дека „не ве слушам“, потоа им праќаше бакнежи, за да колминира кога со гестикулација им порача на навивачите „бакнете ми го задникот“.
Вакво неспортско однесување на тенисерка одамна немало посебно на гренд-слем. Од сега е јасно дека Колинс на следниот меч во Мелбурн нема да биде омилена кај домашната публика.
Little bit of prime “Hollywood” Hulk Hogan about Danielle Collins post match!#AO2025 pic.twitter.com/nyusDgt3PP
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 16, 2025