Тенисерка најде глушец во нејзината хотелска соба во Мелбурн (Видео)

Казахстанската тенисерка Јулија Путинцева, откри глушец во својата хотелска соба во Мелбурн, сето тоа го сними и видеото го сподели на социјалните мрежи.

„Веќе два часа се обидувам да си ја сменам собата! И поради карантинот, никој не доаѓа да помогне“ – напиша Путинцева која како и другите, мора да биде во 14-дневен карантин пред настапот на Австралија опен.

Путинцева на првиот гренд-слем годинава ќе биде меѓу носителките, а таа е меѓу 47-те играчи кои беа во авионот заедно со луѓе кои имаа позитивен тест на Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести