Тенисерката која е побогата од Ѓоковиќ, Надал и Федерер заедно прави чуда во Њујорк

Американската тенисерка Ема Наваро покажува дека не случајно ќе атакува за влез во Топ 10 на ВТА-листата. На грснслем-турнирот во Њујорк, Наваро успеа со 2:1 во сетови да ја елиминира фаворизираната сонародничка Коко Гоф.

Токму Гоф ја имаше улогата на актуелна бранителка на трофејот на Отвореното првенство на САД, но Наваро покажа дека е во одлична форма и ја победи со 6:3, 4:6, 6:3 за место во четвртфиналето на последниот гранслем-турнир сезонава.

Наваро ја победи Гоф и Вимблдон, каде што исто така беше подобра и од Наоми Осака, за сегашниот пласман во четвртфиналето на турнирот во Њујорк. Токму со добрите игри во последните неколку месеци, Наваро стана главна тениска атракција.

Интересно е дека Наваро на финансиски план „тежи“ многу повеќе отколку што имаат заедно тројцата најуспешни тенисери на сите времиња: Новак Ѓоковиќ (184 милиони долари заработка), Рафаел Надал (134 милиони долари) и Роџер Федерер (130 милиони долари).

Наваро во кариерата има освоено само еден турнир, но многу поголемо богатство. Тоа е така затоа што Ема е ќерка на Бен Наваро, банкар и инвеститор чие богатство се проценува на 3,5 милијарди долари. Тој е од голема помош на својата ќерка чија следна цел е да биде во Топ 10 во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести