Словачката тенисерка Доминика Цибулкова одлучи да се повлече од професионалниот тенис. Ова е изненадувачка одлука бидејќи Цибулкова има 30 години и можеше уште долго со успех да настапува како некои нејзини колешки. Таа има тениска академија и хуманитарна организација која им помага на словачките спортисти да се адаптираат на животот по кариерата.
Иако е многу ниска, има само 161 сантимар, Цибулкова се искачи до четврто место на ВТА-листата, освои осум турнири, а во 2014 година играше финале на Отвореното првенство на Австралија. Беше полуфиналистка на „Ролан Гарос“, но од мај наваму немаше одиграно ниту еден меч откако ја повреди Ахиловата тетива, па падна на 315-тото место на ВТА-листата. Кај неа се загуби страста кон тенисот и затоа одлуката беше очекувана.
Освен по малкуте сантиметри, Доми беше позната и по тоа што важеше за тенисерка со најубав задник. Таа на многу фотографии сакаше да ја истакнува својата позадина, а сега кога престана со играње, ќе има повеќе време за фотографирање.