Украинската тенисерка Елина Свитолина (23-та на ВТА-листата) го посети градот Харков, во кој почнала да тренира тенис, а од бранителите на градот учеше и да пука на еден полигон.
Свитолина испроба снајперска пушка и фрлач на гранати.
„Харков има посебно место во моето срце. Градот кој ми даде чувство на вистински дом кога ја започнав мојата професионална кариера овде на 12-годишна возраст. Градот кој продолжува да дава топлина. Би сакала да ја изразам мојата безгранична благодарност до нашите бранители! Вашето херојство и храброст ме инспирираат секој ден. Вие сте вистински симболи на сила и храброст за мене“, напиша Свитолина на својот „Инстаграм“.
Ова не е прва посета на Свитолина во Харков за време на војната, каде што таа активно ги поддржува своите сонародници и изразува солидарност со оние кои ја бранат Украина. Таа откри и дека во минатото добила финансиски богата понуда да игра за друга земја (не е Русија), но одбила.