Тенисерот кој имаше херојска победа над Федерер сега оди во војна

Поранешниот украински тенисер Сергеј Стаховски пред еден месец реши да стави крај на кариерата, откако загуби во првото коло од квалификациите за Австралија опен од Џеј Џеј Волф. Овој 36-годишен тенисер најави дека сега се пријавил како доброволец за да ја брани Украина од руската инвазија.

„Војската упати оглас за резервистите и сите оние кои сакаат да се борат и да ја бранат Украина. Има многу доброволци, а меѓу нив сум и јас. Потпишав пристапница. Немам премногу големо воено искуство, но знам да ракувам со оружје“, рече Стаховски, кој во кариерата освои четири АТП турнири.

Во 2010 година овој украински тенисер стигна до 31 место на АТП листата што е негов најдобар пласман, а најпозната победа му е таа во второто коло од Вимблдон во 2013 година над големиот Роџер Федерер. Украинецот славеше и му ја прекина неверојатната низа на Федерер од 36 последнователни учества во четвртфинале на Гренд слем турнирите.

Стаховски во кариерата заработи 5,5 милиони долари, но и покрај тоа, сега се реши да земе пушка и да се бори за Украина.

- Оглас -

Најнови вести